Владата во Приштина денеска ќе потпише нов договор со администрацијата на САД, кој предвидува во следните години да бидат вложени стотици милиони долари во инвестиции на Косово. Ова го најави денеска косовскиот премиер Авдулах Хоти и посочи дека новиот договор произлегува од Вашингтонскиот договор, истакнувајќи дека со тоа американскиот финансиски пазар се отвора за косовските компании.
Хоти оцени дека Вашингтонскиот договор, потпишан на 4 септември, е историски важен за Косово.