Три четвртини од населението во Англија во карантин

илустрација

Три четвртини од населението во Англија од денеска е во карантин, бидејќи британската влада ги прошири областите што се предмет на строги ограничувања поради епидемијата на коронавирусот и појавата на нов вид вирус. Нови 53.135 нови случаи на коронавирус се регистрирани во Британија во вторникот, а повеќето, според британското Министерство за здравство, биле заразени со новиот вид на вирус.

Британија ја одобри употребата на вакцината на Оксфорд и АстраЗенека

Министерството донесе одлука од денеска да бидат ставени во карантин некои области во централните, јужните и северните делови на Англија, што значи затворање на барови, ресторани, хотели, кина и театри, а граѓаните се повикуваат да не ги напуштаат своите домови. Делови од Шкотска, како и Велс и Северна Ирска, веќе се во карантин.