Во смртоносната експлозија на аеродромот во пристаништниот јеменски град Аден која се случи денеска, веднаш по пристигнувањето на авионот во кој беа членовите од новата влада кои пристигнуваа од Саудиска Арабија, загинаа најмалку 13 луѓе, а десетици се повредени.
Властите го нарекоа нападот „кукавички терористичи напад“ на шиитските бунтовници. Како што се јавува премиерот Абдулмалик Саед и членовите на кабинетот не се повредени.
24-члената влада вклучува и членови на сепаратистичкиот јужен преоден совет (СТЦ) како дел од обидот да се стави крај на борба за превласт меѓу лојалистите на претседателот Абд Хади и сецесионистите. СТЦ, формирана во 2017 година, е поддржана од Обединетите Арапски Емирати, додека владата на Хади е поддржана од Саудиска Арабија.