Силна експлозија денеска го погоди главниот аеродром во градот Аден, во уништениот од војната Јемен, веднаш по пристигнувањето на членовите на новата влада од Саудиска Арабија, изјавија очевидци, пренесе германската новинска агенција ДПА.
„Експлозијата се случи кратко откако авионот во кој беа членови на владата слета на аеродромот во Аден“, изјавија очевидци за ДПА.
Официјалните причини и исходот од експлозијата не беа веднаш познати. Сепак, Мохтар ал-Рахи, советник во јеменското Министерство за информации, ги обвини јужните сепаратисти за експлозијата.
24-члената влада вклучува и членови на сепаратистичкиот јужен преоден совет (СТЦ) како дел од обидот да се стави крај на борба за превласт меѓу лојалистите на претседателот Абд Хади и сецесионистите. СТЦ, формирана во 2017 година, е поддржана од Обединетите Арапски Емирати, додека владата на Хади е поддржана од Саудиска Арабија.