Британија одобри употреба на втора вакцина против ковид-19, изработена од Универзитетот во Оксфорд и фармацевтската компанија АстраЗенека. Британското регулаторно тело даде итно одобрување за употреба на оваа вакцина, лесна за употреба и за која производителите на вакцини се надеваат дека ќе стане „вакцина за светот“.
Шпанија ќе има регистар на луѓе кои одбиваат вакцина против коронавирусот
Извршниот директор на АстраЗенека, Паскал Сорио изјави дека денеска е важен ден за милиони луѓе во Британија кои ќе добијат пристап до новата вакцина. „Се покажа дека е ефикасна и лесна за примена“, рече тој, додавајќи дека сака да им се заблагодари на бројните колеги во компанијата, Универзитетот Оксфорд, британската влада и десетици илјади учесници во клиничките испитувања.