Во Русија е отворена истрага против Навални за измама

Алексеј Навални

Во Русија е отворена истрага за „голема измама“ против противникот на Кремљ Алексеј Навални, кој закрепнува во Германија откако беше отруен со нервниот отровот новичок. Рускиот истражен комитет објави дека Навални е осомничен дека потрошил 356 милиони руби, околу 3,9 милиони евра, за лична употреба од донација собрана од повеќе организации, како здруженија кои се борат против корупцијата и ги штитат човековите права. Комитетот наведува дека Навални ги искористил парите за „стекнување лични и материјални добра, како и за плаќање трошоци, вклучително и одмор во странство“.

Русија го повика Навални да се врати или да оди во затвор

Руското законодавство предвидува казна затвор до десет години за такво дело. Навални, остар критичар на рускиот претседател Владимир Путин, заздравува во Германија од труење со нервен отров во август, за што се обвинува Кремљ. Руските власти негираат вмешаност во труењето на Навални.