Нови 498 случаи на корона, починати 17, а оздравени 606 пациенти

Тестирање за ковид-19. Илустрација.

Во последните 24 часа се направени 2467 тестирања, а регистрирани се 498 нови случаи на ковид-19. Починати се 17 лица, шест пациенти од Скопје, тројца пациенти од Велес, двајца од Куманово и по еден од Прилеп, Тетово, Струга, како и од Охрид, Крушево и Неготино. Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови. Институтот за јавно здравје денеска регистрира 606 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 396.797 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 82301, бројката на оздравени пациенти е 60256, на починати е 2473, а бројот на активни случаи изнесува 19572.