Пендаровски изрази сочувство за настраданите во земојотресот во Хрватска

Претседателот Стево Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски изрази сочувство до неговиот хрватски колега Зоран Милановиќ и до семејствата на настраданите во земјотресот во Петриња.

„Поддршка за нашите пријатели во Република Хрватска. Првичните информации за земјотресот се застрашувачки. Сочувство до претседателот Зоран Милановиќ и од и до семејствата на сите настрадани“, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Во земјотресот на 46 километри од Загреб со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала загина едно девојче. Премиерот Зоран Заев информираше дека Владата на денешната седница донела одлука за финансиска помош од 6 милиони денари за Хрватска