Премиерот Зоран Заев информираше дека Владата на денешната седница донела одлука за финансиска помош од 6 милиони денари за Хрватска, по силниот земјотрес во Петриња.
„Солидарноста е првиот порив во овие моменти и ќе пружиме помош согласно потребите. До премиерот Андреј Пленковиќ и до сите хрватски граѓани погодени од земјотресот упатувам силна поддршка. Во име на сите граѓани на Македонија изразувам и сочувство за жртвите“, напиша премиерот Заев на социјалните мрежи.
- Едно дете загинало во земјотресот во Петриња кај Загреб
- Видео - Земјотрес од 6,3 степени во Хрватска, епицентар Петриња
Во земјотресот на 46 километри од Загреб со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала загина едно девојче. Голем број куќи и јавни објекти во Петриња се урнати, а спасувачки екипи се сегде низ градот.