Загинало едно девојче, тоа го соопшти нашиот град, изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ од гратчето Петриња, на 46 килиметри од Загреб, каде беше епицентарот на денешниот земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала. Голем број куќи и јавни објекти во Петриња се урнати, а спасувачки екипи се сегде низ градот.
„За сега немаме други информации за други жртви, но тоа никој со сигурност не може да го каже. Ова е трагедија“, изјави Пленковиќ.
Тој потврди дека во градот на помош се војската, пожарникарите, Црвениот крст... и дека мора да се најде сместување за жителите, бидејќи во градот не е безбедно.
За земјотресот од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) изјавиле дека е најсилниот земјотрес што ја погоди Хрватска оваа година, и дека земјотреси од вакви размери може да предизвикаат значителна штета во близина на епицентарот. Земјотресот се почувствувал и во Србија и Босна и Херцеговина, јавуваат репортерите на Радио Слободна Европа (РСЕ).