Нов силен земјотрес во Хрватска

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Силен земјотрес со јачина од 6,4 степени урна згради во градот Петриња во централна Хрватска. Потресот, кој се случи на длабочина од 10 километри околу 12.30 часот, според американскиот геолошки институт, се почувствува на околу 50 километри северно од епицентарот во главниот град Загреб, каде што жители во паника трчаа кон улиците. Снимките од Петриња, во кој живеат околу 20.000, покажуваат урнати покриви и улици расфрлани со цигли и други остатоци. Потресот се случи еден ден откако помал земјотрес го погоди Петриња, предизвикувајќи штети на зградите.