Нов земјотрес во Хрватска: 6,3 степени на 46 километри од Загреб

Петриња, 29 декември 2020

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтеровата скала и со епицентар во Петрињa, на 46 километри од Загреб, извести Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Оттаму наведуваат ека ова е најсилниот земјотрес што ја погоди Хрватска оваа година, и дека земјотреси од вакви размери може да предизвикаат значителна штета во близина на епицентарот.

Земјотресот се почувствувал и во Србија и Босна и Херцеговина, јавуваат репортерите на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Хрватскиот Црвен крст објави видео-снимка од Петриња, за каде вели дека ситуацијата е многу сериозна.


Сеизмолошкиот институт на Србија објави дека земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во регионот на Сисак, Хрватска, во 12 часот и 19 минути по локално време. Интензитетот во епицентарот, како што наведува Институтот се проценува на VIII-IX степени од Меркалиевата скала.

И вчера беше регистриран земјотрес со сила од 5,2 степени според Рихтеровата скала во централна Хрватска. Вчерашниот епицентар бил на околу 50 километри југоисточно од главниот град Загреб.