Во периодот од 21 до 27 декември регистрирани сe 3372 новозаразени со коринавирус, 129 смртни случаи и 4500 оздравени лица, информираше денеска Министерството за здравство (МЗ), објавувајќи го неделниот ковид извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Бројот на починати и на заразени со коронавирус во изминатата недела бележи намалување, како и бројот на тестирања, покажува неделниот извештај објавен денеска.
„Во овие седум дена, регистрирани сe 3 372 нови позитивни случаи во 35 града во државата што е намалување од 26,5% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (1 429 случаи или 42,4%), со заразеност од 231,4 на 100 000 жители. Заболените лица се од сите возрасни групи, но и натаму најзастапена е возрасната група од над 60 (910 или 27,0%). Голем број заболени има и кај лицата од 30-39 (665 или 19,7%), од 40-49 (589 или 17,5%), од 50-59 ( 87 или 17,7%) и од 20-29 (414 или 12,3%)“, соопштија МЗ и ИЈЗ.
Според неделниот извештај, најмал број е регистриран и кај децата од 0-9 (52 или 1,5%) и од 10-19 години (145 или 4,3%).