Претставничкиот дом го надгласа ветото на Трамп за финансирањето на одбраната

спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, демократ од Калифорнија

Претставничкиот дом на САД гласаше за да го надмине ветото на претседателот Доналд Трамп за нацрт-законот за одбранбена политика. Претставничкиот дом со 322 наспрема 87 гласа го надмина ветото што е далеку над двете третини потребни за тоа, со 109 републиканци кои застанаа на страната на демократите. Доколку биде одобрен од две третини од Сенатот, ова прегласувањеќе биде прво за време на претседателската функција на Трамп. Оваа недела се очекува гласање во Сенатот.

Трамп стави вето на законот за одбраната


Со предлог-законот, познат како Закон за овластување за национална одбрана се одобруваат над 740 милијарди долари за воени програми и развој и се предвидува зголемување на платата за 3% за американските војници.
Исто така, ја води политиката на Пентагон и ги финализира одлуките за нивото на војската, новите вооружени системи и воената подготвеност, кадровската политика и другите воени цели. „Ветото на Трамп „бесмислено ќе ги лишеше нашите сојузници и земја од клучна заштита за глобалниот мир и безбедност - вклучително и за сајбер-безбедноста, по масовниот напад врз нашата земја“, изјави спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, демократ од Калифорнија. Руски хакери се осомничени дека го извршиле нападот. Русија негираше вмешаност.

Странски сајбер напад врз американските владини мрежи

Претседателот даде бројни причини за неговото вето, вклучувајќи го и неговиот приговор за планот за преименување на воените бази именувани по водачите на сецесионистичките јужни држави во Граѓанската војна од 19 век. Тој исто така го нарече предлог законот „подарок“ за Кина и Русија без повеќе детали.