Членките на ЕУ го одобрија трговскиот договор за Брегзит

Дваесет и седумте земји членки на ЕУ едногласно дадоа зелено светло за трговски договор со Велика Британија по Брегзит.

Амбасадорите на земјите членки се собраа на денешниот состанок во Брисел за да го одобрат договорот со кој се поставува рамка за трговијата меѓу Унијата и Велика Британија, по напуштањето на единствениот пазар на ЕУ и царинската унија на крајот на годината.

Германското претседателство со ЕУ соопшти дека договорот ќе го одобрат сите 27 влади на ЕУ во писмена форма на 29 декември, еден ден пред британските пратеници да се изјаснат за него.


Европскиот парламент ќе има рок до крајот на февруари да гласа за договорот за трговија меѓу ЕУ и Велика Британија.
Договорот беше склучен на 24 декември, по девет месеци тешки преговори меѓу Лондон и Брисел.