Кина изрече тешка затворска казна за новинарката Жанг Жан која известуваше за избувнувањето на коронавирусот од Вухан во февруари. Според нејзиниот адвокат, Жан, која и самата е поранешна адвокатка, доби четири години затвор од судот во Шангај за нејзините извештаи од првичниот епицентар на вирусот.
Новинарката е осудена за „поттикнување кавги и проблеми“ „бирање кавги и предизвикување проблеми“. 37-годишната Жан сними видеа што беа широко споделени на Интернет, прикажувајќи пренатрупани крематориуми и болници, додека градот се бореше да се справи со Ковид-19 во раните денови на избувнувањето.
Нејзиниот адвокат рече дека се зголемува загриженоста за нејзиното здравје. Таа започна штрајк со глад во јуни и се храни преку назална цевка. Жан минатата недела рече дека ќе одбива храна „до самиот крај“ доколку добие тешка казна.
Таа е првата на која ѝ се суди од групата граѓани-новинари приведени од властите на почетокот на оваа година по известувањето од Вухан. Кина беше сериозно критикувана во врска со првичното справување со вирусот и обвинета за тајно однесување, но се чини дека се обидува да го преформулира наративот.