Земјотрес со сила од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди централна Хрватска во понеделникот со епицентар на околу 50 километри југоисточно од главниот град Загреб, објави хрватската државна телевизија повикувајќи се на податоци од Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Земјотрес од 5,4 степени по Рихтер регистриран во Турција
Земјотресот се почувствува и во главниот град. Засега нема извештаи за повредени или штети. Во март, земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди Загреб при што загина едно лице, а 27 други биле повредени.