Рускиот претседател Владимир Путин ќќе ја прими вакцината против коронавирусот Спутник V во блиска иднина. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека претседателот наскоро сам ќе ја објави одлуката за тоа.
Путин ја откажа традиционалната бизнис средба
Претходно руското министерството за здравство соопшти дека вакцината е одобрена за имунизација на ранливите категории на граѓани и постари лица од 60 години. Путин има 68 години. Министерството соопшти дека вакцината е ефикасна повеќе од 90 проценти за оваа возрасна група.
Путин на последна маратонска прес конференција на 17 декември изјави дека ќе ја прими вакцината кога „сите формални проблеми ќе бидат решени“.
Русија ја одобри вакцината Спутник V на 11 август со што стана првата вакцина против коронавирусот што доби официјално одобрение во светот.
Од почетокот на пандемијата според податоците на руската влада се регистрирани над 3 милиони заболени од коронавирусот и над 54 илјади починати од компликации од ковид-19.