МВР има посебен оперативен план како ќе постапува за време на празниците, а тоа значи дека секаде и во секој момент ќе има полициски службеници кои ќе вршат контрола дали обврските се почитуваат и дали некој придонесува за нарушување на состојбата со ширење на вирусот., изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој рече дека полицијата ќе постапува по пријава или по сознание, кое го добила, по што откако ќе се утврди дека се случува организиран настан, се известува Јавниот обвинител. Полицијата деновиве растурила неколку забави.
Полицијата приведе 29 луѓе на забава во Волково
„Синоќа се случи растурање на забава во Волково, при што беа приведени 29 лица. Ист таков настан имаше во Куманово, каде што беше растурена семејна веселба. Така што, одговорно и посветено ќе постапуваме и за новогодишната ноќ. Секој кој нема да ги почитува мерките, без разлика дали се работи за сопственик на вила за издавање или е граѓанин, кој учествува во такви настани, ќе бидат поднесени кривични пријави со кривична одговорност, бидејќи го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните,“ изјави Спасовски.
Кој има вакво Бентлиии? Како се гасиии?
Во врска со возачот на „бентлито“, кој помина низ украсите на скопскиот плоштад и заработи казна од 45 евра, министерот повтори дека смета оти казната е мала и дека во Владата размислуваат за менување на висината на пропишаните казни.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, додаде дека во Владата се размислува казната да биде одредувана процентуално во зависност од приходите на прекршителот.