Полицијата синоќа приведе 29 лица по пријава дека се одржува приватна забава во викендица во скопското село Волково. Приведени биле сопстевникот на викендичката, неговите 28 гости меѓу кои и Ди Џеј на 35 годишна возраст кај кого било пронајдена прашкаста материја.
Во полицискиот билтен е наведено дека МВР постапиле по наредба на јавен обвинител и дека делото поради кое се приведени е постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија„ казниво по чл.206 од Кривичниот законик а при претрес кај ди џејот била пронајдена и прашкаста материја“, соопшти МВР.