Спогодбата за ГА-МА со Макпетрол тема на 20 часовна дебата во Собранието

Во жестока атмосфера по 20 часовна расправа утрово беше прекината собраниската седница на која се дебатираше за предлог-законот за решавање на спорот помеѓу Владата и „Макпетрол“ АД Скопје околу гасоводот ГА-МА по пат на спогодба. Владејачкото мнозинство со законско решение предвидува да му се признае на Макпетрол сопственост на 50 отсто од гасоводот во земјата и да му се исплати цена од 33 милиони евра.

Опозицијата жестоко се спротивставува на тоа, упатувајќи дека предложеното законско решение е еден од серијата закони што ја убиваат правдата и ги прекршуваат основните начела на правото. Според нив, не може да има закон за спор зашто тој се решава со медијација и во судовите. Не смее, нагласија, Собранието да прерасне во квази суд, бидејќи тоа е надлежно само за ратификации на договори.


Тие очекуваат претседателот Стево Пендаровски да се одважи и да стави вето ако овој закон сепак биде изгласан. Пратениците цела ноќ дебтираа, расправата заврши утрово без гласање.