Католичкиот архиепископ од Минск е во Белорусија за Божиќ, откако властите ја укинаа неговата четиримесечна забрана за влез во земјата поради масовните антивладини протести.
На архиепископот Тадеуш Кондрусиевич - лидер на белоруските католици, на 31 август му беше забранет влез, откако се врати од патување од соседна Полска.
Влезот на 74-годишниот духовен водач му беше забранет од неговата земја, бидејќи тој ја критикуваше полицискат акција врз протестите против оспорениот реизбор на Александар Лукашенко.
На архиепископот му беше дозволено да се врати, откако претставник на Ватикан минатата недела со состана со Лукашенко во Минск.
„Кога ја преминав границата, клекнав и се молев, ја бакнав оваа земја“, рече Кондрусиевич додавајќи дека „татковината не може да се исфрли од срце.“
Тој беше во можност да ја предводи бадниковата миса во главната катедрала во Минск.
Католицизмот е втора по големина верска заедница во Белорусија, по православието.