Институтот за педагогија со мнозинство гласови на своите членови донесе заклучок дека не може да се прифати понудената концепција за осново образование.
За образовната реформа ќе има консултации со сите, тврди Заев
"Нацрт-концепцијата има методолошки и дидактички недоследности и решенија кои не соодветствуваат на нашата воспитно-образовна и општествена реалност и смета дека имплементацијата на оваа концепција може да предизвика сериозни проблеми во сферата на образованието", информира Институтот за педагогија.
Од овие причини, како што наведува Институтот во известувањето, треба да се запрат активностите во врска со концепцијата и да почне процес на сериозна стручна и академска расправа која ќе резултира со нова концепција.