Во Србија денеска почна вакцинирањето против ковид 19 со вакцината на "Фајзер"
Премиерката Ана Брнабиќ и членот на на групата за управување со епидемиски кризи, Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ први примија вакцина со цел да се поттикне довербата на јавноста во безбедноста и ефикасноста на вакцината.
По вакцинацијата на прес конференција премиерката на Србија рече дека "денеска е можеби прв ден од 6 ти март во кој постои причина за насмевка" додавајќи дека "со денешниот ден се одбележува почетокот на крајот на пандемијата на корона вирус".
Србија ја доби првата група од скоро 5.000 дози на вакцината на Фајзер на 22 декември.
Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека првите вакцини ќе бидат наменети за постарите лица во домовите за пензионери.
Вакцината на Фајзер веќе се користи во САД, Велика Британија, Канада и Израел.