Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Маас, вели дека Германија и натаму ќе се залага за решение на бугарско-македонскиот спор и преговорите за Европската унија (ЕУ).
„Во суштина, кога се работи за блокадата, станува збор за билатералните односи на Бугарија и Северна Македонија. Ние, како претседателство со Советот на ЕУ, вложивме многу напор во обидот да се дојде до решение. За жал, без успех. Нашите партнери на Западен Балкан направија огромен напредок во последните години, особено Северна Македонија“, вели Маас во интервју за Дојче веле.
Шефот на германската дипломатија додава дека Германија ќе се залага за решение и по завршувањето на германското претседателство со ЕУ.