Долната комора на рускиот парламент одобри неколку контроверзни предлог-закони за кои набљудувачите на човекови права и опозицијата оценуваат дека ги поткопуваат демократските процеси. Меѓу закониоте одобрени од Државната дума, имаше и серија измени и дополнувања на контроверзниот закон за „странски агенти“, според кој организациите кои добиле таква етикета треба да ги пријавуваат своите активности и да се соочуваат со финансиска ревизија. Измените го прошируваат опсегот на поединци и групи кои можат да бидат назначени „странски агенти“, воведуваат нови ограничувања и барања за регистрација и известување и ги обврзуваат медиумите да ја забележуваат ознаката секогаш кога ќе ги споменуваат овие лица или групи.
Помпео: Руските власти гo задушуваат независното информирање
Оние лица, вклучително и странски новинари, кои собираат материјали и податоци во врска со руските одбранбени или национални безбедносни прашања мора да бидат вклучени на списокот на странски агенти.
Исто така, се вели дека на лица етикетирани како „странски агенти“ ќе им биде забрането да се приклучуваат на државната служба или да заземаат позиција во општините, притоа принудувајќи ги да ги обележат своите писма до властите и други материјали со ознака „странски агент“.
Амнести го критикува рускиот предлог за етикетирање на поединци како „странски агенти“
Амнести Интернешнл го критикуваше предложеното законодавство велејќи дека тоа „драстично ќе ја ограничи и оштети работата не само на граѓанските организации кои добиваат средства од надвор од Русија, туку и од многу други групи“.