Романскиот парламент избра проевропска централно-десничарска влада

Флорин Циту

Романскиот парламент избра проевропска централно-десничарска влада предводена од економистот Флорин Циту од Националната либерална партија.
Оваа партија на поранешниот премиер Лудовик Орбан ќе биде главната партија во Владата, додека Социјалдемократската партија, која освои најмногу гласови на изборите на 6 декември, ќе остане во опозиција. За избор на Владата гласаа 260 од 465 пратеници, додека 186 беа против.

Во Романија мандат за состав на влада добија десничарските реформисти

Новото владејачко мнозинство се состои и од Алијансата на реформските партии и од Унгарската малцинска партија. Циту (48), поранешен банкар и министер за финансии, станува премиер во време кога Романија се соочува со тешка борба против пандемијата на коронавирусот и нејзините економски последици. Пред да влезе во политиката во 2016 година, Кицу работеше за Централната банка на Нов Зеланд и Европската инвестициска банка. Студирал во САД.