Европската унија и Британија, според дипломатски извори, денеска би можело да објават дека постигнале се трговски договор по Брегзит. Правилата за фер-конкуренција и риболовните права беа главни пречки за склучување трговски договор за време на деветмесечните напорни разговори за трговските односи. Извори од Британија и ЕУ изјавија дека преговорите се во крајна низа бидејќи преговарачите работеле преку ноќ во Брисел на деталите за нацрт-договорот што се протега на околу 2.000 страници. Британскиот премиер Борис Џонсон го информираше кабинетот за разговорите.
Дозволен влез од Британија во Франција, но со негативен тест
Британија го напушти блокот на 31 јануари, но останува во рамките на единствениот пазар и царинската унија без тарифи до крајот на годината. Трговски договор би го спречил наметнувањето тарифи, квоти и други трговски бариери што би можело да ги чини двете страни трговија милијарди евра и стотици илјади работни места. Ако страните постигнат договор, ќе треба да помине низ парламентите и во Британија и во ЕУ. Но, на нешто повеќе од една недела пред крајниот рок на крајот на годината, дипломатите велат дека доколку се постигне договор, тој може да биде ставен на сила се додека не гласаат парламентите во јануари.