Денеска во Србија, како што вчера најави српскиот претседател Александар Вучиќ почнува вакцинацијата против коронавирусот во домовите за стари лица. „Тие се најзагрозената категорија, па затоа почнуваме со нив. Кога ќе ги погледнете сите бројки и проценти, има и помлади луѓе кои долго чекале, особено мажи, но убедливо најголем број се оние над 80 години“, изјави Вучиќ, оценувајќи дека вакцината е спас за човештвото.
Арсовски: Се преговара за директна набавка на вакцини против ковид
Вакцините, како што рече тој, се набавени билатерално, независно, и Србија е веројатно единствената земја надвор од ЕУ, во овој дел, што успеа да набави одредени дози вакцини. Според него, „од средината на јануари ќе се оди на помасовни вакцинации“. „Кога го велам тоа, мислам на стотици илјади, можеби дури и милион лица да вакцинираме до крајот на јануари, тоа е страшен успех“, изјави Вучиќ.