Русија чекор поблиску до забрана за Фејсбук и Јутјуб

Руските законодавци се чекор поблиску да им дозволат на регулаторите да ги блокираат интернет платформите како Фејсбук и Јутјуб доколку се утврди дека цензурирале содржина од Русија.

Долниот дом на рускиот парламент го усвои нацрт-законот во трето читање и соопшти дека властите можат да таргетираат платформи, доколку се утврди дека тие ги ограничуваат информациите врз основа на националноста и јазикот.
Долниот дом на Државната дума додаде дека веб-страниците исто така можат да бидат санкционирани „во случај на дискриминација на содржината на руските медиуми“.

Во образложението во прилог на нацрт-законот, авторите напишале дека оваа година властите добиле поплаки од руските медиуми дека нивните содржини биле цензурирани од „странски интернет платформи како што се Твитер, Фејсбук и ЈуТјуб“. На почетокот на оваа година, овие американски технолошки гиганти воведоа етикети за државните медиуми.

Русија го обвинува Гугл за неотстранување забранета содржина

Законите сега треба да добијат одобрување од советот на Горниот дом на Руската Федерација, за на крај претседателот Владимир Путин да го потпише тоа, што се чекори што се сметаат за формалност, пишува АФП.

Во последниве години, Кремљ ги засили напорите за контрола на рускиот интернет простор под изговор за борба против екстремизмот на интернет мрежата.