Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не очекува никакви промени во односите со Соединетите држави по доаѓањето на Џо Бајден на функцијата претседател.
„Кога станува збор за промената на претседателот на Соединетите Држави и информациите дека може да ни биде потешко, не верувам, верувам дека ќе биде како порано“, изјави Путин на состанокот со руските официјални претставници. Тој притоа повика на континуиран развој на руските економски и воени можности за справување со „одредени тешкотии и закани“.
Путин му честиташе на Бајден: Подготвен сум за соработка
Претходно денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека Русија не очекува „ништо добро“ од идниот американски претседател, оценувајќи дека неговата надворешна политика ќе биде водена од „русофобија“.