Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2510 тестирања, а регистрирани се 627 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-250, Куманово-36, Дебар-8, Штип-12, Прилеп-35, Тетово-21, Струга-6, Велес-25, Битола-25, Охрид-21, Кавадарци-31, Гостивар-24, Гевгелија-12, Струмица-23, Крива Паланка-8, Радовиш-4, Кочани-20, Пробиштип-7, Демир Хисар-2, Пехчево-1, Берово-13, Валандово-6, Делчево-5, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-7, Ресен-4, Неготино-14.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 644 оздравени пациенти. Починати се 14 лица, од кои двајца пациенти се починати во домашни услови,а останатите се починати во болнички услови.
Во скопските болници има 476 ковид пациенти и 45 слободни места
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 79815, бројката на оздравени пациенти е 56743, на починати е 2354, а бројот на активни случаи изнесува 20718.