Арсовски: Се преговара за директна набавка на вакцини против ковид

Владиниот портпарол Душко Арсовски

Македонија не чека само на донации, туку навреме ги направи сите потребни чекори и процедури, алоцираше сретства и почна директни преовори. Се користат сите инструменти, вклучувајќи го и Ковакс механизмот, кој беше прв на располагање, изјави денеска владиниот портпарол Душко Арсовски на прес-конференција во Владата.

Тој рече дека веќе се обезбедени 833.000 вакцини и согласно планот вакцините се очекуваат во првите месеци на 2021 година.

На новинарско прашање зошто дури сега се прави измена на Законот за јавни набавки за да се набават директно вакцини, Арсовски одговори дека навреме се почнати сите процедури.

„Покрај обезбедените над 800.000 вакцини, во тек се и директни преговори и предвиден е и трет механизам за обезбедување вакцини преку ЕУ со 100 милиони дози за земјите надвор од Унијата, за кои дополнително аплицира земјата“, изјави Арсовски.

Дел од првата пратка за Грција, според владиниот портпарол, ќе биде наменет за нашите граѓани, а прецизен одговор кога ќе биде тоа, Арсовски најави за идната недела. Според него, тоа е прашање што допрва ќе биде одговорено, а планот е дел од пратката што ќе стигне во Бугарија да и биде донирана на Македонија.