Русија прогласи за персона нон грата двајца вработени во амбасадата на Колумбија, како одговор на протерувањето на двајца руски дипломати од Колумбија, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
Колумбискиот амбасадор во Москва, Алфонсо Педро Лазаро Лопез Кабаљеро, е повикан во Министерството, каде му е врачен протест поради неоснованата одлука за протерување на двајца руски дипломати од таа латиноамериканска земја, информираа од руското Министерство за надворешни работи. Оттаму додаваат дека тој чекор не е во согласност со односите помеѓу Русија и Колумбија, кои се засноваат на традиционалното пријателство и взаемна почит.
Како што пренесоа некои колумбиски медиуми, двајцата руски диплоомати се протерани од Колумбија наводно поради однесување кое не е во согласност со Виенската конвенција за дипломатски активности.