На француските и на граѓаните на ЕУ од полноќ повторно им е дозволено да влезат во Франција од Британија под услов да имаат негативен тест на ковиод-19, не постар од 72 часа. Франција и неколку други земји ги затворија своите граници кон Британија во понеделникот поради страв од многу заразен нов вид коронавирус, предизвикувајќи хаос во патувањата и заглавувајќи многу француски граѓани во Британија.
Нова мутација на коронавирусот ги затвора границите
Британските граѓани или граѓаните од трети земји кои имаат престој во Франција или Европската унија исто така можат да влегуваат во земјата или да транзитираат низ неа од Британија се додека имаат негативен тест, се вели во соопштението на француската влада. Владата наведе неколку категории луѓе на кои ова може да им се применува, вклучително и оние кои транзитираат помалку од 24 часа во меѓународни зони, дипломати и нивните семејства, здравствени работници, персонал на авиокомпании и оператори на автобуси или возови. Новите правила ќе бидат во сила до 6 јануари.