Вршителот на должноста косовски претседател Вјоса Османи денеска ги продолжува консултациите со политичките партии за одредување на датумот на предвремените избори откако Уставниот суд донесе одлука дека било неуставно парламентарното гласање за избор на нова влада во јуни. Консултациите почнаа вчера и досега беа предложени крајот на јануари или 7 февруари како можни датуми за изборите.
Хоти ja прифаќа одлуката на косовскиот Уставен суд
Уставниот суд донесе одлука во понеделникот дека изборот на влада на премиерот Авдулах Хоти е незаконски, бидејќи еден член на парламентот кој гласаше за владата имал затворска казна. Гласот на пратеникот Етем Арифи беше еден од 61 за владата на Хоти во парламентот со 120 места.
Судот пресуди дека владата не добила доволно гласови и ја повика Османи да одреди датум за нови избори, кои мора да се одржат најдоцна во рок од 40 дена од денот на објавувањето. Актуелната влада може да продолжи да работи се додека парламентот не избере нова.