Владата бара акциски планови за прием и чување на вакцините против ковид-19

Жена држи мало шише обележано со налепница „Коронавирус КОВИД-19 вакцина“

Владата на последната седница на предлог на Министерството за здравство ја разгледа и усвои Информацијата за вакцинацијата против коронавирусот, и задолжи неколку институции да изготват акциски планови и стандардни оперативни процедури за прием, физичко обезбедување, чување, дистрибуција и аплицирање на вакцините против ковид-19. Владата ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Царинската управа и Министерството за здравство во рок од 7 работни дена да изготват и до Министерството за здравство да достават сопствени акциски планови и стандардни оперативни процедури за прием, физичко обезбедување, чување, дистрибуција и аплицирање на вакцините против ковид-19, согласно нивната надлежност и нивната улога во спроведувањето на Националниот план за вакцинација против КОВИД-19, се наведува во соопштението од владината седница.

Бугарија дел од своите вакцини ќе ѝ ги донира на Македонија

Во врска со оваа информација, Владата му препорачува на ТАВ Македонија во рок од седум работни дена да изготви и да достави сопствен акциски план и стандардни оперативни процедури за вакцините. Министерството за финансии и Бирото за јавни набавки, во соработка со Министерството за здравство, во рок од најдоцна 5 дена треба да изготват Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки со што ќе се овозможи плаќање на аванс поголем од 20 отсто од цената и ослободување од обврската за обезбедување банкарска гаранција за авансно плаќање во постапките за јавни набавки директно поврзани со справувањето со епидемии и пандемии на заразни болести, се истакнува во соопштението.

Заев: Ќе се вакцинирам против Ковид-19 за да дадам личен пример

На оваа седница Владата ја дополни и Одлуката за спречување на ширењето на ковид-19, со што секој патник од Британија што влегува во земјата на кој било граничен премин задолжителниот карантин во домашна изолација да ги спроведува врз основа на изјава која ќе ја пополни на граничниот премин при влез во земјата, а патниците што транзитираат да имаат обврска земјата да ја напуштат во рок 24 часа.