Претседателот на српскиот Парламент, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека одлуката на Уставниот суд на Косово за нови избори е нов изговор за одложување на дијалогот со Белград, јави МИА од Белград. Дачиќ додал дека брзината на евроинтеграциите на Србија зависи од преговорите со Приштина, која „секогаш бара изговор“.
„На Косово се се повторува, секогаш кога во дијалогот треба да се договори нешто, има некои проблеми во Приштина. Додека им траат изборите, нема преговори, и тоа постојано се повторува“, кажа Дачиќ за ТВ Хепи, пренесе МИА.
Уставниот суд на Косово го прогласи за неуставно изгласувањето на владата на актуелниот премиер Авдулах Хоти на 3 јуни, бидејќи гласот на еден пратеник бил прогласен за неважечки, со што консастираше дека владата нема добиено мнозинство во косовскиот Парламент.