Анкара бара елиминација на структурите на Фето во Македонија

Мустафа Шентоп, Претседателот на Големото национално собрание на Турција - Скопје, 21 декември 2020

Претседателот на Големото национално собрание на Турција, Мустафа Шентоп, кој е во официјална посета на Македонија, на денешната средба со новинарите, побара елиминирање на структурите на организацијата Фето во Македонија. Тој рече дека ги пренесува пораките што се однесуваат на организацијата Фето, што турските власти ја прогласија за терористичка, по обидот за преврат во Турција во 2016 година. Темата за Фето, како што кажа тој, е актуелна во односите на Турција со сите балкански земји.

Од Скопје Шентоп порача и дека економската соработка на Турција и Македонија треба да продолжи и истакна дека турските компании се меѓу најзначајните инвеститори во земјава.

„Имаме една заедничка цел за раст на трговскиот обем и достигнувања на цифра над една милијарда долари, и верувам дека во постпандемичниот период ќе успееме да ја достигнеме таа цел“, рече Шентоп.

Тој информираше дека на средбата со премиерот Зоран Заев, добил информација за отворање на економска зона во Гевгелија, од каде што потекнува неговото семејство, при што рече дека „секогаш со гордост кажува дека моето неговото семејство и неговите семејни корени потекнуваат од Гевгелија“.