Новиот вид на коронавирусот откриен во Британија, кој се шири побрзо, „не излезе од контрола“, објави Светската здравствена организација. „Имавме RO фактор (стапка на репродукција на вируси) многу поголем од 1,5 во различни периоди во оваа пандемија и го надминавме. Затоа, оваа ситуација не излезе од контрола во тој поглед“, рече шефот за итни случаи на СЗО, Мајкл Рајан. Ова е реакција на изјавата на британскиот министер за здравство, Мет Хенкок, кој оцени дека „новиот вид на вирусот е надвор од контрола“.
Да ја кренеме „будноста“ поради новиот корона вирус, побара Макрон
Рајан процени дека иако вирусот „стана малку поефикасен во смисла на ширење“, тој може да се запре. „Можеби ќе треба да го правиме ова поинтензивно и подолг временски период за да се осигураме дека можеме да го надминеме овој вирус“, додаде Рајан. Бројни земји ширум светот од вчера ги затворија своите граници со Велика Британија или Јужна Африка, каде што се појави и друга варијанта на вирусот, за да се избегне понатамошно ширење на вирусот.