Косово пред избори откако Уставниот суд пресуди дека парламентот гласал незаконски за владата

премиерот на Косово Авдулах Хоти

Највисокиот суд на Косово пресуди дека парламентарното гласање за избор на нова влада во јуни е неуставно, испраќајќи ја земјата на нови избори на национално ниво. Уставниот суд на Косово донесе одлука дека изборот на влада на премиерот Авдулах Хоти е незаконски, бидејќи еден член на парламентот кој гласаше за владата претходно одлежал затворска казна. Гласот на пратеникот Етем Арифи беше еден од 61 за владата на Хоти, која беше избрана од минималниот број пратеници во парламентот со 120 места.

Самоопределување нема гласови за да ја турне Владата, тврди Хоти

Судот пресуди дека владата не добила доволно гласови и го повика претседателот на Косово да одреди датум за нови избори, кои мора да се одржат најдоцна во рок од 40 дена од денот на објавувањето. Актуелната влада може да продолжи да служи се додека парламентот не избере нова. ВД претседателката Вјоса Османи денеска ќе има средба со политичките партии за да разговара за датумот на нови избори, изјави Беким Купина, портпарол на Османи, за РСЕ. Жалбата пред судот беше поднесена од левичарско-националистичката опозициска партија Самоопределување која тврди дека гласот на Арифи е неуставен, бидејќи тој беше осуден на затвор една година и три месеци под обвинение за измама. Според уставот, мандатот на пратеникот завршува кога е осуден на една или повеќе години затвор со правосилна судска одлука.

Курти одбил да оди на лидерски форум за дијалогот со Србија


Арифи беше осуден на затворска казна во септември 2019 година. Во март, владата на Албин Курти, лидерот на Самоопределување, беше симната со иницијативата за недоверба покрената од Демократската лига на Косово.
Одобрувањето во јуни на новата влада предводена од Хоти, 44-годишен професор по економија и поранешен министер за финансии, стави крај на повеќемесечните политички превирања.