Шефот на француската држава, Емануел Макрон, денеска изјави дека Франција треба да ја зголеми својата будност во врска со состојбата со Ковид-19, со оглед на појавата на новиот вид на коронавирус во Велика Британија. Тој ова го побара за време на претседавањето со онлајн министерскиот состанок на владата, чии делови беа пренесени од француската телевизија БФМТВ.
Франција претходно ги прекина воздушните и железничките врски со Велика Британија во врска со новиот вид на коронавирус, а францускиот министер за здравство Оливие Веран денеска изјави дека е можно новиот вид на коронавирус веќе да циркулира во земјата, иако досегашните тестови тоа не го поврдиле.
Макрон од минатата недела е во самоизолација и работи од далечина, бидејќи заздравува по позитивниот тест за Ковид-19.