Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска не ја почна расправата по амандманите на измените и дополнувањата на Законот за работни односи, кои треба да овозможат задолжително пензионирање на 64 години и 15 години стаж, а се поднесени од група пратеници, бидејќи не биле преведени сите амандмани.
Како што информира претседателот на Комисијата Хусни Исмаили, службите не успеале да ги преведат сите амандмани. Тој најави дека оваа седница на Комисијата ќе биде доолнително закажана. Измените и дополнувањата на Законот за работни односи поминаа во прво читање, кога беше констатирана потребата од нивно донесување.