Заев: Прво законот за опојни дроги, па после и дебата за легализација

Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев, на денешната прес-конферанција на која го презентираше владиниот план „Акција 21 – европски стандарди дома“, изјави дена верува оти Парламентот е подготвен да ги донесе измените на Законот за контрола на опојни дроги со кои ќе се овозможи извоз на цвет од канабис за медицински цели, а в година да се отвори дебата за декриминализација и за целосна легализација.

„Искуствата на државите како Канада, Чешка, Холандија покажуваат дека заработуваат 55 милијарди долари годишно од оваа дејност. Досега кај нас има 59 лиценци за оваа дејност и Владата е во комуникација со претставниците на компаниите со цел оваа гранка да се развива согласно светските текови и европските регулативи. На европските пазар има стотици исклучително важни лекови кои се решение за здравјето на многу граѓани. Маслата од канабис и други продукти влијаат позитивно на многу болести. Тоа отвора огромни потенцијали и пазари, а со Законот за опојни дроги ќе се овозоможи извоз на цвет од канабис за медицински цели кој ќе поттикне нови инвестиции и работни места“, рече Заев.

Тој вели дека со тоа се очекуваат повеќе од 250 милиони евра од производство на канабис за медицински цели и отворање нови високоплатени работни места, а, според него, в година ќе се прошири листата на дијагнози кои ќе може да користат производи од канабис како лек.

„Точно е тоа што го зборуваат активистите од граѓанскиот сектор– не е во ред некој да оди во затвор затоа што користел половина грам природен канабис за лична употреба, во време кога веќе насекаде во светот оваа билка станува легална и за медицинска и за економска дејност. За оваа работа претстои почекот на 2021 година, каде што очекуваме да дебатира парламентот. За севкупната легализација ќе има дебата до крајот на јуни 2021 година, претходно ќе издебатираме, ќе го слушнеме гласот на граѓаните, а после и парламентот ќе постапува соодветно на насоките добиени од граѓаните “, рече Заев.