Амбасадорите на земјите од Европската унија денеска во Брисел ќе одржат состанок за ново ограничување на движењето заради појавата на нов вид коронавирус во Британија. Неколку земји на ЕУ - Австрија, Белгија, Франција, Германија, Ирска, Италија и Холандија најавија дека ќе го прекинат воздушниот сообраќај, а некои од нив и железничките и поморските врски со Британија.
Земји на ЕУ ги укинуваат патувањата од Британија
Одлуката е донесена откако британскиот премиер Борис Џонсон воведе карантин во Лондон и во дел од Англија во саботата по појавата на тој вирус.
Неименуван официјален претставник на ЕУ рече дека амбасадорите, меѓу другото, ќе размислат за воведување мерки како што се PCR-тестови за патници кои доаѓаат од Британија.