Земји на ЕУ ги укинуваат патувањата од Британија

Илустрација.Коронавирус. Велика Британија

Неколку европски земји поставија нови ограничувања за патување од и кон Велика Британија поради брзото ширење на новиот вид на коронавирус во југоисточните области на земјата, вклучително и Лондон.

Белгија соопшти дека ќе ги затвори своите граници за возови и авиони кои доаѓаат од Велика Британија, а Италија објави дека ќе ги прекине авионските летови. Тие се приклучија на Холандија, која претходно денеска објави дека ќе бидат забранети сите патнички летови од Велика Британија.

Премиерот Борис Џонсон вчера објави засилени ограничувања во Лондон и во други делови на Англија кои опфаќаат повеќе од 16 милиони луѓе. Мутацијата за прв пат е откриена во средината на септември на југоистокот на Англија и стана доминантна форма на вирусот во Лондон и на југоисток и исток на Англија.

Џонсон и британски научници рекоа дека новиот вид на коронавирус е до 70 проценти повеќе пренослив од претходниот вирус Сепак, епидемиолозите рекоа дека нема докази кои сугерираат дека е тој е посмртоносен или предизвикува потешка форма на болест. Тие исто така веруваат дека вакцините ќе бидат подеднакво ефикасни и против новиот вид.

И други земји пријавија мутација на вирусот, вклучително и Јужна Африка, каде еден од новите видови на вирус предизвика раст на бројот на заразени.