Експлозија на автомобил бомба во Кабул, осуммина загинати

Експлозија на автомобил-бомба во Кабул.

Министерството за внатрешни работи на Авганистан соопшти дека во експлозија на автомобил-бомба загинаа најмалку осум лица во главниот град Кабул.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тарик Аријан, рече дека во експлозијата која се случи изутрината ранети се 15 лица, вклучително и член на парламентот, Кан Мохамад Вардак.

Експлозијата се случила додека конвојот на пратеникот минувал преку раскрсница во населбата Кушал Кан. Во експлозијата уништени се цивилни возила, а има и оштетување на зградите и продавниците во близина.

"Терористите извршија терористички напад во градот Кабул. За жал, осум наши сонародници се убиени, а над 15 лица се ранети", се вели во изјавата на портпаролот Аријан. Тој рече дека меѓу мртвите и ранетите има деца и жени. Тој рече дека бројките за жртвите се првични и може да се зголемат.

Нов обид на САД за мировни разговори во Авганистан

Ниту една група не презеде одговорност за нападот, иако официјалните лица ги обвинија талибанците за слични напади во минатото.