Министерството за здравство информира дека во изминатото деноноќие во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 36 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.
Според податоците на министерството на инфективните оделенија во Скопје се лекуваат 470 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19, од кои голем дел се на кислородна поддршка.
И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 46 слободни места, а се очекува во текот на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во 8 Септември.
Нови 883 случаи на корона, починати 29 лица, а оздравени 536