САД ја прошируваат црната листа за кинески компании

Секретарот за трговија на САД Вилбур Рос

Одделот за трговија на САД ја потврди одлуката за додавање на десетици кинески компании, вклучувајќи го и најголемиот производител на чипови во земјата, во црната трговска листа.

Одделот за трговија соопшти дека акцијата против најголемиот кинески производител на чипови, Меѓународната корпорација за производство на полупроводници (СМИЦ), произлегува од „доказ за активности меѓу СМИЦ и субјектите што го обезбедуваат кинескиот воен индустриски комплекс.“

Секретарот за трговија Вилбур Рос рече дека овој потег доаѓа поради наводните врски на СМИЦ со кинеската војска.

На листата се додадени над 60 други фирми, вклучително и многу поврзани со СМИЦ, кои работеле на обезбедување поддршка на кинеската војска и помагање акции на кинеската влада.

Овој потег веројатно дополнително ќе ги зголеми тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг, пред претседателот Доналд Трамп да ја напушти функцијата на 20 јануари.