Вакцината против ковид-19 на "Модерна" е втора вакцина по ред на територијата на САД што доби овластување за итна употреба од Управата за храна и лекови.
Управата за храна и лекови(ФДА) пред една недела донесе одлука за одобрување на вакцината развиена од "Фајзер" и "Бионтек".
Првите вакцини против коронавирусот пристигнаa во САД
Вакцината на "Модерна", е развиена во соработка со Националниот институт за здравство (НИХ), и ќе стане дел од националниот план за имунизација што започна на почетокот на оваа недела со дистрибуција на вакцините развиени од "Фајзер" и "Бионтек" низ целата земја.
Комесарот на ФДА Стивен Хан рече дека достапноста на две вакцини за превенција од ковид-19 е „уште еден клучен чекор во борбата против оваа глобална пандемија што предизвикува огромен број хоспитализации и смртни случаи во САД секој ден“.
Американскиот секретар за здравство и човечки услуги Алекс Азар рече дека одоврувањето „значи дека можеме да се забрза вакцинацијата на здравствените работници од прва линија и на Американците во установи за долготрајна грижа.“
Модерна која работеше со Владата на САД ќе се подготви за почеток на дистрибуција на 5,9 милиони вакцини овој викенд.